Исланд е најубавата приказна на европските квалификации за пласман на Светското првенство. Репрезентацијата која од клупата ја предводи Хеимир Халгримсон го победи Косово 2:0 и го освои првото место во И групата.
Исланд по десет кола зад себе ги остави Хрватска, Украина, Турција, Финска и Косово и прв пат во историјата се избори за настап на најголемата фудбалска смотра.
Државата која има 334.000, влегува и во Мундијалската историја, како земја со најмал број на жители која играла на еден Мундијал.
Исландските фудбалери и нивните навивачи кои беа вистински хит минатото лето на Европското првенство во Франција, на добро познатиот начин го прославија пласманот на Мундијалот во Русија. н.ц.