Top Sport

Секоја интернационална пауза, Аргентинците спремаат 650 дреса на Меси

Аргентинската фудбалска федерација мора да снабди околу 650 дресови на Лионел Меси при секоја интернационална пауза, открива голманот на Астон вила, Емилијано Мартинез, посочувајќи дека сите сакаат дрес од него.

Од фановите и спонзорите, до фудбалерите и техничкиот состав, секој сака официјален аргентински дрес од легендарниот освојувач на седум „Златни топки“.

„Еден ден прашав колку дресови на Меси мораат да подготват за секој натпревар, и тие ми кажаа дека помеѓу 200 и 300 за да се дадат на сите кои сакаат. Игравме два меча, така што направија 650 дреса на Меси. Спонзорите, играчите, придружниот состав, сите сакаат дрес. Секако“, вели Мартинез.

Scroll to Top