Роберто Манчини има повеќе проблеми во изборот на неговиот тим пред клучниот меч со Македонија во баражот за Светското првенство, тврди „Ла газета дело спорт“.
Според нив, Манчини го уверил Џанлуиџи Донарума дека останува прв голман на репрезентацијата и покрај тоа што според многумина беше главниот виновник што неговите ПСЖ загубија од Реал Мадрид.
Во одбраната, проблемите се поголеми – Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи имаат мала минутажа во последните неколку недели поради повреди, така што Алесандро Бастони или Франческо Ачерби би можеле да бидат стартери. Џовани ди Лоренцо и Емерсон Палмиери би биле на страните во одбраната, откако Леонардо Спинацола уште не е опоравен од повредата на ЕУРО 2020.
Манчини го планирал 32-годишниот Чиро Имобиле во нападот, а речиси сигурен е и Андреа Белоти од Торино. Доменико Берарди е сигурен на десната страна, но Лоренцо Инсиње не е доволно фит, така што Лоренцо Пелегрини е најверојатната замена, иако има шанса тоа да биде Матија Ѕакањи или Џанлука Капрари.