Top Sport

Аријан Адеми ќе биде подготвен да и помогне на Македонија против Италијанците

Аријан Адеми ќе биде на списокот на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, за баражот со Италија за пласман на Светското првенство. Сепак, неизвесно е колку ќе биде подготвен за да одговори на предизвикот на дуелот против актуелниот европски првак во Палермо на 24 март.

Неговото присуство е од огромно значење ако се знае дека во селекцијата на Македонија поради суспензии на овој меч нема да играат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Адеми ги стартуваше тренинзите во полн ритам со тимот на Динамо Загреб и се очекува да биде подготвен за настап за неделниот натпревар против Славен Белупо во хрватското првенство. Ако се оди според планот, тој треба да биде подготвен за да настапи во дресот на Македонија против „аѕурите“ во Палермо.

Селекторот Благоја Милевски утре и официјално ќе го објави списокот на повикани фудбалери за овој историски плејоф натпревар за СП во Катар.

Scroll to Top