Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одигра половина час на денешниот натпревар на Парма во Серија Б. Тимот на Парма славеше на гости против Виченца со 0:1, а Пандев се врати во тимот откако ја надмина повредата на мукулот.
Парма во моментот се наоѓа на 12. позиција на табелата, но се надева дека со добри игри ќе успее да стигне до место во плеј-офот за враќање во Серија А. Токму затоа и го ангажираше Горан Пандев како големо засилување во зимскиот преоден рок.