За да спречи во иднина драма каква се случи во последниот круг на трката во Абу Даби, Формула 1 воведе ново правило кое се однесува на возилото за безбедност.
Директорот на трката, Мајкл Маси, минатат година на последната трка, ја смени процедурата која тогаш беше важечка и му овозможи на Макс Ферстапен да ја освои шампионската титула пред Луис Хамилтон.
За во иднина да не се повтори ваква ситуација, ФИА по консултациите со сите тимови го смени правилот кое се однесува на конкретната ситуација.
Според правилото кое важеше до сега, сите возила кои заостануваат за цел круг, можат да одат пред возилото за безбедност, за да се формира реалниот поредок.
Новото правило сега гласи: доколку официјалното лице на трката смета, дека е безбедно тоа да се направи, тогаш на сите тимови ќе им биде испратена порака и возилата кои заостануваат цел круг ќе можат да го претекнат безбедносното возило.
Со практично Формула 1 го легализира она што го примени Мајкл Маси во Абу Даби, кој тогаш отстапи од важечките правила.
Значи со новото правило, одлуката дали на сите ќе им биде дозволено да го поминат безбедносното возило или само на одредени болиди , директно ја носи директорот на трката.
Новата сезона во Формула 1 започнува викендов во Бахреин.