Македонија загуби со 85:79 (26:19, 21:23, 19:22, 19:15) од Швајцарија на гостувањето во Фрибург за прв пораз во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.
На нашиот сениорски машки национален тим му требаше малку повеќе време за да го фати темпото на амбициозните домаќини кои се обидоа со сите сили да ги надокнадат петнаесетте поени кои им обезбедуваа директен пласман во втората фаза од претквалификациите.
Во таа мисија, кошаркарите на Швајцарија не успеаја и Македонија и покрај денешниот пораз останува како првопласирана на табелата во групата А со што се пласира во втората фаза од претквалификациите кои ќе започнат да се одигруваат претстојниот септември.