Top Sport

Алегри: Тие само се бранеа, а ние излеговме многу наивен тим

Италијанскиот претставник Јувентус трета година по ред го заврши настапот во Лигата на шампионите на почетокот на нокаут фазата. Тренерот Масимилијано Алегри вели дека неговиот тим излегол многу наивен во завршницата од мечот, па затоа и се случи поразот од 0:3.

„Вилјареал играше со деветмина зад топката и не сакаа ниту да излезат повисоко за да притиснат. Нивната намера беше да го однесат мечот во продолженија, а на крајот ние излеговме наивни. Не сум лут на никого, само разочаран. Но, таков е фудбалот и мора тоа да го прифатиме ова. Игравме многу добро 75 минути, а потоа падна нашата концентрација, а Вилјареал тоа знаеше да го искористи“, изјави Алегри.

Јувентус сега се фокусира на Серија А каде се уште е во трка за највисок пласман.

 

Scroll to Top