Поразот од 0:3 од Вилјареал и испаѓањето од Лигата на шампионите ќе има огромно влијание на финансиите на италијанскиот клуб, тврди „Ла газета дело спорт“, која предвидува загуба од над 200 милиони евра за „старата дама“ за 2021/22.
За сезоната 2020/21, Јувентус имаше загуба од 210 милиони евра, и ситуацијата во клубот нема да се промени, посочувајќи дека само од ТВ-правата тие ќе загубат 15 милиони евра по елиминацијата од Вилјареал.
Јувентус заработија околу 84 милиони евра од ЛШ оваа сезона, 10 милиони евра повеќе од 2020/21 под Андреа Пирло, кога исто така испаднаа во осминафиналето. Во исто време, вчерашниот пораз значеше дека денеска акциите на клубот од Торино на берзата паднаа за 9 отсто.