Трент Александер-Арнолд (ТАА) е повреден и ќе отсуствува од тимот на Ливерпул неколку недели, потврдил менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.
Најдобриот асистент во премиер лигата, ја повредил тетивата, поради што нема го откажа и настапот за англиската репрезентација.
Среќа за Ливерпул е што повредата доаѓа во делот од сезоната кога следува репрезентативната пауза. Претстојниот викенд Ливерпул ќе игра во ФА купот против Шризбери, натпревар кој Александер-Арнол секако ќе го пропуштеше.
По репрезентативната пауза, Ливерпул, на 10.април го чека дербито со Манчестер сити.