Жозе Мурињо и Рома уште еднаш оваа сезона ќе играат против, Бодо Глимт, најголемата сензација во Лигата на конференции. Рома и норвешкиот тим ќе се сретнат во четврт-финалето во ова натпреварување.
Мурињо доби шанса да му се одмазди на тимот од кого го доживеа најголемото понижување во тренерската кариера. Во групата, оваа сезона Бодо ја прегази Рома со 6:1 на домашен терен, а во Рим успеа да одигра 2.2.
Бодо Глимт-Рома
Феенорд-Славија Прага
Олимпик Марсеј-ПАОК
Лестер-ПСВ Ајндховен
Четврт-финалните натпревари се закажани за 7. и 14.април, а полу-финалните дуели ќе се играат на 28.април и 5.мај
Во првото полу–финале ќе играат Лестер или ПСВ, против победникот од натпреварот Рома-Бодо Глимт. Втората полу-финална двојка ќе ја формираат победниците од дуелите Феенорд-Славија Прага и Олимпик Марсеј-ПАОК.
Првото финале во Лигата на конференции ќе се одигра на 25.мај на Националниот стадион во Тирана.