Кристијан Ериксен вели дека е подготвен да ја предводи Данска до победа над Хрватска во осминафиналето на Мундијалот, оценувајќи дека е на исто ниво како ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Хрватска импресивно со три победи над Нигерија, Аргентина и Исланд ја освои групата Д, додека Данска беше второпласирана зад Франција во групата Ц. Ериксен и Модриќ, освен тоа што се лидери на своите репрезентации, ги поврзува и Тотенхем – Модриќ помина четири сезони на „Вајт харт лејн“, додека Данецот ја имаше најдобрата сезона до сега со 27 гола во сите натпреварувања за Спарс.
„Не мислам дека сум нешто полош од него. Секако, Модриќ има освоено голем број на трофеи и награди, но за тоа му помогна и моќниот тим во Реал Мадрид. Тој е тип на фудбалер со кого сакаш да се мериш. Единствената разлика во репрезентацијата е тоа што тој игра повеќе како напаѓач отколк уво Реал Мадрид“, вели Ериксен.
26-годишниот Ериксен имаше еден гол и една асистенција во трите меча во Русија и вели дека ќе биде уште подобар во нокаут-фазата.
„Имав еден гол и една асистенција со што помогнав да стигнеме до осминафиналето и сега почнува вистинското. Против Франција не бевме најдобри, така што сега има притисок пред мечот. Но, навикнат сум на тоа“, изјави Ериксен.
Фото: ЕПА