Top Sport

Тешка повреда за Микел Ојарзабал

Шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал можеби ќе го пропушти Светското првенство во Катар откако се здоби со сериозна повреда на вчерашниот тренинг. Тој ги скинал лигаментите на коленото, соопшти клубот Реал Сосиедад.

Ојарзабал ќе мора да прави операција на коленото, а би можел да отсуствува и девет месеци од теренот. Ова значи дека голгетерот или ќе го пропушти Светското првенство или нема да ја достигне вистинската натпреварувачка форма.

„Микел Ојарзабал вчера на тренингот на тимот ги скина вкрстените лигаменти на левото колено. На направените тестови јасно е воочливо кинење на предниот вкрстен лигамент. Тој ќе биде опериран во наредниот период“, се вели во официјалното соопштение на клубот од Сан Себастијан.

Микел Ојарзабал е еден од најдобрите играчи во Ла Лига оваа сезона. Тој за баскискиот клуб постигна 15 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top