Top Sport

Роберто Манчини го објави списокот за баражот против Македонија, преполн е со ѕвезди

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за плеј-оф натпреварот против Македонија за пласман на Светското првенство, кој е закажан на 24 март во Палермо. Преполн е ѕвезди од Серија А и од врвните клубови во Европа. Донарума, Кјелини, Бонучи, Верати, Жоргињо, Инсиње, Имобиле…се само дел од имињата кои се наоѓаат на листата на повикани италијански репрезентативци.

Манчини ги повика следните фудбалери:

Голмани: Џанлуиџи Донарума (Пари Сен Жермен), Пјерлуиџи Голини (Тотенхем), Салваторе Сиригу (Џенова), Алесио Крањо (Калјари),

Одбрана: Франческо Ачерби (Лацио), Алесандро Бастони (Интер), Кристијано Бираги (Фиорентина), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Џовани Ди Лоренцо (Неапол), Емерсон Палмиери (Лион), Алесандро Флоренци (Милан) , Луис Фелипе (Лацио), Џанлука Мансини (Рома);

Среден ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Жоргињо (Челси), Мануел Локатели (Јувентус), Лоренцо Пелегрини (Рома), Матео Песина (Аталанта), Стефано Сенси (Сампдорија), Сандро Тонали (Милан), Марко Верати (Пари Сен Жермен);

Напад: Андреа Белоти (Торино), Доменико Берарди (Сасуоло), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Калјари), Матео Политано (Наполи), Џакомо Распадори (Сасуоло), Џанлука Скамака (Сасуоло) Матија Закањи (Лацио), Николо Заниоло (Рoмa).

На списокот е и Мануел Локатели, кој во моментот е позитивен на Ковид-19, а не е повикан Марио Балотели.

Европскиот првак Италија ќе ја пречека Македонија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо на 24 март.

Scroll to Top