Менаџерот на Челси, Томас Тухел, се огласи по повод шпекулациите за можна преселба во таборот на Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната. Тој изјави дека е среќен таму каде што е – на „Стемфорд бриџ“.
Откако беа објавени санкциите за сопственикот Роман Абрамович и за самиот клуб, Челси влезе во финансиски проблеми, а се шпекулира дека тимот би можел лесно да се распадне по завршувањето на сезоната. На врвот е Томас Тухел, за кого се шпекулираше дека ќе го напушти Челси и можеби ќе се нафати да ја преземе клупата на Манчестер Јунајтед.
„Дали чувствувате дека сум помалку посветен на клубот во оваа ситуација? Апсолутно не. Го сакам местото каде што сум и тоа што го правам за Челси. Овој клуб ме прави среќен”, изјави Томас Тухел.
tuГерманецот има договор со Челси до 2024 година, а набрзо клубот треба да добие нови сопственици.