Top Sport

Стојоски потфрли на 400 метри на СП во сала

Единствениот македонски претставник на Светското првенство во атлетика во сала, Јован Стојоски, беше дел од квалификациите на 400 метри и во својата група го освои последното четврто место. Тој трчаше под своите можности и во вкупниот пласман му припадна 21. позиција од вкупно 24 натпреварувачи.

Стојоски оствари време од 47.80 секунди што е речиси за половина секунда побавно од неговиот најдобар резултат оваа сезона.

Најдобар во квалификациите беше Жилиен Ватрин од Белгија кој забележа време од 45.88 секунди и постави нов национален рекорд.

Scroll to Top