Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед бара замена за Хари Мегваер, кој иако ја носи капитенската лента може се случи на лето да го напушти „Олд Трафорд“. Тој игра лошо оваа сезона и критичарите веќе го прогласија за најслаба алка во тимот на Ралф Рангник.
Шпанскиот репрезентативец Пау Торес е новата голема трансферна желба на Манчестер Јунајтед. Тој во дресот на Вилјареал се етаблираше како еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и во Челси, но сепак остана во Вилјареал.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучува и Манчестер Јунајтед, кој покажува силен интерес да го доведе на „Олд Трафорд“ и да го направи партнер на Рафаел Варан во стоперската линија.
Вилјареал бара 50 милиони евра за Пау Торес, а Манчестер Јунајтед ќе мора да ја победи и големата конкуренција.