Поранешниот европски шампион Вардар немаше многу среќа во ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, откако ја доби далеку потешката група А полна со европски гиганти.
По ждрепката на ЕХФ, Вардар се најде во групата А со актуелниот европски шампион Монпелје, Барселона, Веспрем, Кјелце, Рајн Некар Левен, Кристијанштад и Мешков Брест. Со ова, Вардар ќе има многу тешка задача да го повтори успехот од последните две сезони кога завршуваше како првопласиран во својата група и добиваше директен пласман во четврт-финалето.
Во групата Б се француските фаворити Пари Сен-Жермен, Нант, Пик Сегед, Флензбург, ППД Загреб, Целје, Скјерн и Мотор Запорожје.
Вице-шампионот Металург се наоѓа во групата Ц со тимовите на Силкеборг, Спортинг Лисабон, Бешикташ, и старите познаници Чеховски Медведи и Татран Прешов.
Groups A and B for the #veluxehfcl 2018/19 season! pic.twitter.com/ZZr463Az1j
— EHF Champions League (@ehfcl) June 29, 2018
DRAW RESULT: #veluxehfcl groups C + D at a glance? pic.twitter.com/xr75rqu40l
— EHF Champions League (@ehfcl) June 29, 2018