Голем скандал се случи на вечерашниот натпревар од Бундеслигата меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах. Мечот е во прекин откако навивач фрли со шише на теренот и го погоди в глава помошниот судија Кристијан Гителман. По овој голем инцидент, натпреварот е прекинат во 71.минута.
Во моментот на прекинот, гостите имаа предност од 0:2. Головите ги постигнаа Аласане Плеа и Брил Емболо.