Фудбалерот на Леванте, Енис Барди, вели дека Македонија не стравува од европскиот првак Италија и дека сака да направи сензација во Палермо. Со мудра игра и максимална посветеност, македонските репрезентативци ќе ја бара својата шанса на бараж дуелот во Палермо в четврток.
„Нема фаворити во денешниот фудбал, а Македонија покажа дека може да се носи и со најсилните селекции. Веруваме во нашите квалитети, ќе ни недостигаат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, но ќе играме и за нив. Најважно ќе биде да ги извршиме задачите што ќе ни ги зададе селекторот. Не сме оптоварени со Италија, многу поважено е како ние ќе го одиграме натпреварот. Свесни сме дека ова е еден од најважните натпревари кои сме ги играле воопшто и ќе дадеме се од себе за да успееме“, изјави Енис Барди.