Поранешниот италијански репрезентативец и капитен на генерацијата која дојде со светската титула, Фабио Канаваро, верува дека „аѕурите“ ќе успеат да се пласираат на Светското првенство во Катар. Тие играат против Македонија в четврток во Палермо во првиот плеј-оф меч во разигрувањето за мундијалот.
„Прва пречка е Македонија во Палермо. Би била катастрофа ако не се пласираме на мундијалот. Мора да им дадеме поддршка на репрезентативците да успеат во ова дополниотелно разигрување. Штета е што лесно ја прокоцкавме шансата директно да се пласираме на СП, но сега мора сите сили да се насочат кон две победи, прво против Македонија, а потоа против Португалија или Турција“, изјави Фабио Канаваро.
„Аѕирите“ денеска ги стартуваа подготовките, а селекторот Роберто Манчини ги повика Матија Де Шилјо на местото на повредениот Џовани Ди Лоренцо.