Фудбалската репрезентација на Португалија се соочува со огромни проблеми во пресрет на баражот за пласман на Светското првенство. Најнов фудбалер кој отпадна од списокот на селекторот Фернандо Сантош е искусниот стопер на Порто, Пепе, кој е позитивен на коронавирус. Тоа ќе му создаде големи главоболки.
Ако се знае дека го нема на располагање и Рубен Дијаш, поради повреда, големо прашање е кој ќе игра во последната одбранбена линија. Фернандо Сантош нема да може да смета и на Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Ренато Санчез и на Рубен Невеш.
Натпреварот меѓу Португалија и Турција се игра в четврток, на стадионот „Драгао“ во Порто, а победникот во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Италија и Македонија.