Top Sport

Ломаченко се откажа од борба за титула, ќе остане да се бори за Украина

Украинската боксерска суперѕвезда, Василиј Ломаченко реши да се откаже од можноста за борба за титула со Џорџ Камбосос Јуниор, откако се приклучи на територијалната одбрана во неговата родна Одеса, открива боксерскиот промотер, Лу Дибела.

Поранешниот шампион во три тежински категории, имаше шанса да се бори со Австралиецот Камбосос во Мелбурн на 5 јуни во обид да стане ВБА, ИБФ и ВБО шампион во лесна категорија. 34-годишниот Ломаченко ја загуби титулата од Теофимо Лопез во 2020 година.

„Борбата која ја води е поголема од боксерски меч. Имаме само респект за неговата одлука“, изјави Дибела.

Ломаченко е еден од повеќето украински боксерски ѕвезди кои се приклучија на војската или на територијалната одбрана на својата земја по Олександер Усик и ветераните Владимир и Виталиј Кличко.

Scroll to Top