Top Sport

Фановите на Челси добија (делумна) дозвола да купуваат билети

Навивачите на Челси ќе можат да купуваат билети за мечевите од полуфиналето од ФА купот и за четврт-финалето од Лигата на шампионите, откако британската влада ги намали ограничувањата околу лиценцата на клубот.

По санкциите за газдата Роман Абрамович и „замрзнувањето“ на неговите имоти во земјат, Челси не можеа да продаваат билети додека клубот не биде продаден. Ова донесе загриженост дека полуфиналето од ФА купот против Кристал палас ќе се игра на полупразен „Вембли“, со што ќе загубат најмногу во Фудбалската асоцијација (ФА).

Сепак, британската влада објави дека фановите на „сините“ ќе можат да купуваат билети за куп натпреварувањата и за гостинските мечеви. Сите средства ќе одат кај домаќините, додека парите кои ќе се генерираат од продажбата на билетите за ФА купот и Лигата на шампионите ќе одат кај Премиерлигата.

Останува забраната за продажба на билети на домашните мечеви од Премиерлигата, иако гостинските навивачи ќе може да го прават тоа, а парите повторно ќе одат кај Премиерлигата.

Scroll to Top