Голден стејт Вориорс, без Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин запишаа победа во Мајами 118:104. Оваа е прв триумф на Вориорс во арената во Мајами, по пауза од пет години.
Мајами Хит, со овој пораз им дозволија на конкурентите опасно да им се приближат на табелата. Лидерот Хит има само една победа повеќе од Филаделфија и Милвоки.
Вориорс победникот го решија на почетокот на второто полувреме, кога направија серија 19:0.
Токму во тие моменти, во текот на еден тајмаут, соиграчите спречија тепачка помеѓу Џими Батлер и ветеранот Јудонис Хаслем. Тренерот Ерик Сполстра фрустриран ја искрши таблата.
„Хаслем ми кажа дека не можам да го држам чекорот во оваа ера. Нему и на тренерот им кажав дека се релевантни само поради Двејн Вејд“, рекол Батлер алудирајќи на трите шампионски титули кои Вејд им ги донесе на Мајами.
Батлер натпреварот го заврши со 20 поени, Мајами го предводеа Кајл Лаури со 26 и Бем Адебајо со 25 поени.
Кај Вориорс најефикасен беше Џордан Пул со 30 поени, Ендрју Вигинс забележа 22 поени.