Групацијата во чија сопственост се наоѓа фудбалскиот клуб Манчестер сити, реши да го купи фудбалскиот клуб Бреда. Сити и Бреда, изминатите неколку години имаа успешна соработка, англискиот клуб на позајмица во Бреда испраќаше млади фудбалери.
Групацијата, покрај Манчестер сити, во своја сопственост ги има: Џирона (Шпанија), Њујорк сити (САД), Мелбурн сити (Австралија), Јокохама Маринос (Јапонија), Монтевидео (Уругвај), Сичуан (Кина), Мумбај сити (Индија), Ломел (Белгија) и Троа (Франција).
Бреда се натпреварува во Втората лига на Холандија. Во својата историја имаат една титула, во далечната 1921 година.