Top Sport

Јувентус нема да ја продолжи соработката со Бернардески

По Паоло Дибала и Федерико Бернардески како слободен играч ќе го напушти Јувентус, по завршувањето на сезоната.

Бернардески, пред пет години, како еден од најталентираните италијански фудбалери, од Фиорентина се пресели во Јувентус. „Старата дама“, за неговиот трансфер издвои 40.000.000 евра.

Пет години подоцна, на клупските челници им стана јасно дека Бернардески не е играч за Јувентус. Едноставно кариерата на крилниот напаѓач не се развиваше онака како што планираа во Јувентус.

Клубот преговара со Бернардески, но тешко дека ќе ја продолжат соработката. Фудбалерот барал годишна плата од 4.000.000 евра, Јувентус нема намера да му понуди повеќе од 2.500.000 по сезона.

Досега, Бернардески за Јувентус одиграл 173 натпревари, постигнал само 11 голови. Минатото лето тој со Италија стана европски првак. За националниот тим одиграл 38 натпревари, постигнал шест гола.

Scroll to Top