Top Sport

Леклер најбрз во Џеда и покрај судирот, возачите добија уверување дека се безбедни

Шарл Леклер потврди дека Ферари се наоѓа во супериорна форма со најдоброто време на вториот тренинг пред Саудиското ГП во Џеда и покрај тоа што имаше „допир“ со ѕидот на патеката, додека стартот на тренингот доцнеше 15 минути во кои возачите добија уверување дека се безбедни по наводниот терористички напад на складиште на нивниот главен спонзор „Арамко“ на десетина километри од патеката.

Леклер постави најбрз круг од 1:30.074, за 0.140 секунди побрзо од шампионот Макс Ферстапен во Ред бул, по уверувањата на неговиот тим дека проблемите од првата трка во Бахреин се надминати. Третото место го освои вториот возач на Ферари, Карлос Саинс Јуниор, а топ 4 го комплетираше и вториот Ред бул на Серхио Перез.

Мерцедес повторно беа за речиси половина секунда поспори, со Луис Хамилтон на петтото место пред неговиот нов колега, Џорџ Расел, а Мекларен по мизеријата во Бахреин каде што беа најспори, се охрабрени со седмото место на Лендо Норис пред Естебан Окон (Алпине), Валтери Ботас (Алфа Ромео) и Јуки Цунода (Алфа Таури).

Голема експлозија на 10 километри од Ф1 патеката во Џеда!

Scroll to Top