Двајца македонски репрезентативци добија место во идеалниот тим на првите баражи за Светското првенство во Катар. Голманот Столе Димитриевски и стоперот Висар Муслиу со играта заслужија место меѓу најдобрите единаесетмина во овој избор.
Македонија направи сензација со елиминацијата на Италија (0-1), а одбраната беше фантастична. Оттаму и изборот на Столе Димитриевски и на Висар Муслиу во најдобриот тим за баражот за СП.