Top Sport

Швјонтек ја наследи Барти – Полјачката е прва на светот

Ига Швјонтек од Полска, по завршувањето на Мастерсот во Мајами, ќе биде новата број 1 во женскиот тенис. Швјонтек на оваа позиција ќе ја наследи Ешли Барти, која пред неколку дена објави крај на кариерата.

Швјонтек, во Мајами, во второто коло ја победи Викторија Голубиќ од Швајцарија до 6/2, 6/0.

Од 4.април, кога ВТА ќе го изрише името на Барти, Швјонтек ќе се најде на првото место во светот.

Од почетокот на сезоната, Швјонтек игра во одлична форма, на Австралија опен испадна во полу-финалето, а потоа ја освои Доха и Мастерсот во Индијан Велс.

 

Scroll to Top