Top Sport

Кирјос го декласира Рубљов во Мајами

Ник Кирјос преку Андреј Рубљов избори пласман во третото коло на Мастерсот во Мајами. Котраверзниот Австралиец, на публиката и приреди 52-минутно шоу, во кое го декласира рускиот тенисер.

Кирјос со 6/3, 6/0 го растури седмиот играч на АТП листата.

Рубљов го направи првиот брејк на мечот, поведе со 2:1 во првиот сет и тоа беше се од него. Во остатокот на теренот постоеше само Кирјос. Експресно го врати брејкот, нанижа уште четири гема го освои првиот сет, а потоа во вториот го декласира Рубљов.

За пласман во третото коло, Кирјос ќе се бори со Италијанецот, Фабио Фоњини.

 

Scroll to Top