Top Sport

Барди: Ако ја победиме и Португалија – нека ни го дадат веднаш пехарот од СП!

Македонија направи спортско чудо во светскиот фудбал со елиминацијата на Италија на патот за мундијалот во Катар. Александар Трајковски беше стрелец на победничкиот гол против „аѕурите“ во судиското продолжение од мечот. Но, тоа „црвено-жолтите“ го оставаат зад себе и веќе се фокусираат на следниот нов предизвик, Португалија.

Играчот на Леванте, Енис Барди, упати интересна порака, дека Македонија веќе го заслужи големиот мундијалски пехар, ако успее да ги елиминира Италија и Португалија во баражот за Светското првенство.

„Немавме среќа при ждребот, го добивме можеби најтешкиот пат за да стигнеме во Катар. Да ја победиш Италија на домашен терен е нешто неверојатно, а сега одиме на Португалија, исто така на гости. Знаеме дека ќе биде неверојатно тешко, но и знаеме дека можеме да победиме. Ако победиме и против Португалија, нека ни го дадат веднаш пехарот за СП. Нема потреба да одиме во Катар, ќе си седиме во Македонија“, истакнува малку и на шега Енис Барди.

Македонија вчера се врати од Палермо, а утре репрезентацијата заминува за Порто, на финална пресметка со Португалија.

Scroll to Top