Младиот холандски фудбалер на Манчестер јунајтед, Тахит Чонг е последната фудбалска ѕвезда која имала непријатно искуство со градци во Англија, откако во неговиот дом вооружени луѓе му држеле нож на врат.
Чонг, кој во моментов игра како позајмен фудбалер во второлигашот Бирмингем сити, бил во својот дом во Сејл во близината на Манчестер, кога маскирана банда влегла во неговиот дом во 3 часот наутро и од него одземале накит, пари и други вредни работи, јавува „Сан“. Инцидентот во домот на 22-годишниот фудбалер се случил пред два месеци, но сега првпат се објавува во јавноста.
Загрижувачки, ова е петти ваков инцидент кој се случува на фудбалери на Манчестер јунајтед и Манчестер сити од декември.
Овој месец, Пол Погба објави дека во неговиот дом влегле провалници додека неговите деца спиеле, а тој играше за Јунајтед при поразот од Атлетико Мадрид. Неговиот соиграч, Виктор Линделоф исто така беше предмет на провала во неговиот дом, исто како и Џеси Лингард и португалскиот дефанзивец на Манчестер сити, Жоао Кансело.