Top Sport

Топспорт во Порто: „Дојдовме во Порто да го оствариме сонот – Македонија на Светско првенство“

Топспорт во Порто,

Никола Ѓуровски

Порто е прекрасен град, веднаш буди емоции дека сте дел од Европа и дека сте заслужиле да биде меѓу елитата. Фудбалерите ја осигураа таа можност преку квалификациите, а сега се на чекор до пласман на Светското првенство. По сензционалната елиминација на Италија во Палермо, за капитенот Стефан Ристовски и соиграчите сега останува уште една пречка. Можеби и најголема. Да се прескокне Португалија со Кристијано Роналдо.

„Дојдовме во Порто да го оствариме сонот на сите Македонци. Бевме на Европско, сега сакаме да бидеме дел и од Светско првенство. Го заслуживме тоа. Ја победивме Германија во квалификациите, ја елиминиравме и Италија. Останува да го дадеме најдоброто од себе против Португалците. Тие важат за фаворити, играат дома на „Драгао“, но веќе сите добро знаеме, Македонија тоа го докажа, дека во фудбалот не победуваат секогаш тие што се подобро рангирани. Подготвени сме за голема борба“, вели Езгјан Алиоски.

Фудбалерите вечерва ќе го одржат и официјалниот тренинг на стадионот „Драгао“ каде утревечер, со почеток во 20.45 часот, ќе стартува најважниот меч за Македонија. За сонот и за Светско – да стане јаве.

Scroll to Top