Top Sport

УЕФА ќе дели специјални покани за ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА) размислува да понуди две места во Лигата на шампионите, на клубови кои тоа нема да го остварат преку националните првенства. Според коефициентот на листата на УЕФА, би биле доделени тие специјални покани, пишува „Марка“.

Предлогот доколку биде усвоен ќе започне да се применува од 2024 година, рекол заменикот на генералниот директор, Џороџо Маркети.

Намерата на УЕФА е да ги награди клубовите кои биле успешни во натпреварувањата чии организатор е УЕФА. Коефициентот би се гледал за период од пет години.

На пример, доколку тоа правило важи за наредната сезона, специјални покани, според пласманот што го имаат во моментов во своите шампионати, би добиле Рома и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top