Рускиот фудбалски сојуз (РФС) може да се префрли од европската федерација УЕФА на азиската АФЦ без да добие дозвола од ФИФА, тврдат руските извори по суспензијата која им беше доделена поради војната во Русија.
РФС го загуби случајот пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) за кревање на суспензијата на репрезентацијата и на клубовите, уништувајќи ги надежите за пласман на Светското првенство во Катар и шпекулациите велат дека Советот на ФИФА може да ги исфрли од феерацијата на Конгресот во Доха во четврток.
Руската спортска адвокатка, Ана Анцелиович смета дека излезот е во приклучување на Русија на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), бидејќи поголемиот дел од територијата на државата е во овој континент. Како пример таа го посочув Израел, кој беше член на АФЦ од 1954 до 1974 година, по што во 1994 година беше примен во УЕФА.
„Да не бевме во Азија, тогаш ќе ни требаше дозвола од ФИФА да се приклучиме на регионална асоцијација, но бидејќи Русија е во Азија, нема зошто да не одбијат“, вели Анцелиович.