Top Sport

Рускиот „крал“ на шамари: Вил Смит удира како девојче

Една од најозборуваните случки во последните денови е шамарот кој го „залепи“ холивудскиот актер Вил Смит на комичарот Крис Рок на доделувањето на Оскарите по невкусната шега за неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, но неофицијалниот „крал на шамарите“, Русинот Васили Камоцкиј не е импресиониран, оценувајќи го ударот како „шамар на девојче“.

Земјоделецот од Сибир стана славен во 2019 година кога победи на шампионатот во шамарање во Краснојарск, нешто што стана хит на Интернет и тој доби над 170.000 следбеници на Интернет. Тој затоа беше еден од „експертите“ кои можеше да го процени ударот.

„Тоа беше слаб удар, тој воопшто не го стави своето тело во позиција. И удри од нагоре кон надолу, а шамар најубаво се удира оддолу. Во основа, тој удри како девојче. Како што удираат во сите американски филмови“, вели Камоцкиј за „Спортс.ру“.

Scroll to Top