Верните македонски навивачи приредија вистинска „фешта“ во центарот на Порто пред вечерашниот одлучувачки меч за пласман на Светското првенство во Катар.
Иако на трибините на „Драгао“, секако, ќе доминираат домашните португалски навивачи, Порто денеска ги запозна боите на македонското знаме.