Top Sport

Бразилскиот судија кому ниту Хулк не се дрзнува да му приговара

Фудбалските фанови се во шок од фотографиите на бразилскиот фудбалски судија, Андерсон Даронсо, кој беше наречен „најсилниот судија на светот“.

Фотографиите на кои се гледа 41-годишниот судија од Санта Марија од јужен Бразил, го покажуват Даронко со бицепси од 44 сантиметри по што во својата татковина доби прекар „Жуиз фортао“ (Силен судија).

Една од фотографиите го покажува бразилскиот фудбалер Хулк, познат по неговата физичка сила и големина, кој изгледа „слабо“ покрј Даронко.

Судијата, кој е поранешен наставник по физичко воспитние, минатата недела беше дел од контроверзите откако им поништи гол на Перу во мечот со Уругвај. Перу губеа со 1:0 кога ударот на Мигуел Траусо беше сопрен од голманот Серхио Роше, но тој потоа направи чекор наназад додека ја држеше топката. Даронко одлучи дека целата топка не ја помина гол-линијата и реши да не користи ВАР.

Scroll to Top