Враќањето на фудбалот од соништата продолжува за Кристијан Ериксен, откако неговото враќање на стадионот каде што минатото лето доживеа срцев напад и беше клинички мртов, го одбележа не само со носење на капитенската лента, туку и со прекрасен гол со кој ја запечати фантастичната 3:0 победа на Данците над Србија во пријателски меч.
Ериксен колабираше на првиот меч од ЕУРО 2020 против Финска минатото лето, по што му беше вграден ИЦД минијатурен дефибрилатор и мораше да си замине од Интер поради правилата на италијанската лига. Но, во јануари тој го направи камбекот на фудбалот со шестмесечен договор со премиерлигашот Брентфорд, пред да се врати и во данската репрезентација при 4:2 поразот од Холандија во Амстердам.
Сепак, емотивното враќање на „Паркен“ беше навистина посебно, бидејќи тој ја доби честа да ја носи капитенската лента. Данците дојдоа во водство преку Јоаким Меле уште во 15. минута, пред во 53. минута Јеспер Линдстром да зголеми на 2:0. Најубавиот момент дојде во 57. минута, кога Ериксен постигна одличен гол од работ на шестнаесетникот.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Данска – Србија 3:0
Хрватска – Бугарија 2:1
Албанија – Грузија 0:0
Белорусија – Бахреин 1:0
Финска – Словачка 0:2
Швајцарија – Косово 1:1
Christian Eriksen Goal vs Serbia HE IS BACK.
to never miss any goal follow @iF26s
pic.twitter.com/K5JuFl37dP— ꜰᴀꜱᴛ ɢᴏᴀʟꜱ ⓶ (@iF27s) March 29, 2022