Top Sport

Полувреме: Португалците водат со голот на Бруно Фернандеш

Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 1:0 на полувремето од финалниот бараж натпревар против Португалија што се игра на „Драгао“. Бруно Фернандеш во 32.минута беше стрелец на водечкиот гол за Португалците, на асистенција на Кристијано Роналдо.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Кристијано Роналдо во 14.минута. Доби топка во шеснаесетникот и шутираше веднаш со левата нога, но за малку крај голот на Димитриевски. Но, возврати веднаш и Македонија. Блокиран шутот на Алиоски, два корнери во низа, а потоа и опасен слободен удар за Барди. Сепак, без посериозен ефект.

Десет минути подоцна, Диого Жота се закани со удар со глава по корнерот на Бруно Фернандеш, но, за среќа, не беше доволно прецизен.

Трета – среќа за Португалците, во 32.минута. Загубивме топка на средината на теренот, Роналдо брзо го проигра Бруно Фернандеш, а тој од 14 метри со прецизен удар го совлада Столе Димитриевски. Во 41.минута, Диого Жота имаше уште една шанса, шутираше крај голот.

 

БАРАЖ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА (1-0)
Стадион „Драгао“. Гледачи: 50.000. Судија: Ентони Тејлор (Англија). Стрелци: Фернандеш 32′ (Португалија)
ПОРТУГАЛИЈА: Коста, Кансело, Пепе, Данило, Нуно Мендеш, Бруно, Бернардо, Мутињо, Отавио, Жота, Роналдо.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, Костадинов, Елмас, Трајковски, М. Ристовски.

Scroll to Top