Top Sport

Реприза за „фараоните“ – Сенегал (со мала помош од ласери) го доби пенал-рулетот со Египет

Во реприза од финалето на Африканскиот куп на нации, Сенегал повторно беше подобар од Египет по изведувањето на пеналите со 3:1, обезбедувајќи пласман на Мундијалот во Катар и оставајќи го Мо Салах без настап на најелитното фудбалско натпреварување на светот.

Египет пристигна во Дакар со 1:0 предност од првиот меч, токму благодарение на голот на Салах, но, Сенегалците бргу ја елиминираа оваа предност преку Булаје Дија уште во третата минута. По ова, двете репрезентации не искористија повеќе шанси ниту во регуларните 90 минути, ниту во двете продолженија.

Пенал-серијата беше луда, откако првите четири изведувачи (по двајца од двете репрезентации) не успеаја да дадат гол – Кулибали и Сис за Сенегал и Салах и Зизо за Египет. Но, потоа, Сенегалците беа прецизни во следните три обиди, завршувајќи со голот на Садио Мане за пласман на Мундијалот. За одбележување е и тоа што при секое изведување на пенали на Египќаните на дело беа „ласерите“ во неспортски однос на Сенегалците.

Scroll to Top