Top Sport

Седуммина се недопирливи во Рома, останатите можат да си одат

Рома подготвува целосна реконструкција на екипата во летниот преоден рок. „Газета дело Спорт“, тврди дека за наредната сезона сигурно место во Рома имаа само седум играчи од актуелниот ростер.

Рома сигурно ќе ја напушти Жордан Верету. Францускиот фудбалер не успеа да се договори со клубот околу новиот договор. Рома нема намера да му обезбеди плата од 6.000.000 евра на овој фудбалер.

Меѓу оние кои веројатно ќе го напуштат клубот е и талентираниот Николо Заниоло.

Меѓу седуммината недопирливи се голманот Руи Патрисио, Леонардо Спинацола, Сержо Олевиеира, Хенрик Мхитаријан, Лоренцо Пелегрини и англичаните Крис Смолинг и Тами Ејбрахам.

На табелата во Серија А, Рома се наоѓа на петтото место со осум поени помалку од четвртопласираниот Јувентус.

Scroll to Top