Top Sport

Македонија „скокна“ пет места на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет места на листата на ФИФА. Македонија изминатата недела славеше победа над Европскиот првак Италија, а потоа загуби од Португалија во решавачкиот натпревар за пласман на мундијалот.

Македонија се наоѓа на 62.место на најновата листата на ФИФА. Избраниците на Благоја Милевски имаат најдобар рејтинг од противниците со кои ќе играат во Лигата на нации (Бугарија, Грузија, Гибралтар).

Инаку на најновата листата на ФИФА има една голема промена во Топ 10. Белгија повеќе не на првото место, најдобра светска селекција сега е Бразил.

Зад Бразил и Белгија се наоѓаат Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top