Англискиот селектор, Герет Саутгејт, веќе ги знае имињата на петмината фудбалери кои би шутирале пенали, доколку утрешното осмина-финале против Колумбија треба да се решава во пенал-рулетот.
Англија низ историјата нема добро искуство со пеналите, а Саутгејт како играч не успеа да реализира пенал против Германија, во полу-финалето, на Европското првенство во 1996 година.
Англичаните се надеваат дека дуелот со Колумбија ќе го решат во регуларниот дел, но подготвени се и да шутираат пенали. На тренинзите играчите на Саутгејт вежбаат изведување на пенали.
„Мирор“, тврди дека во евентуалниот пенал-рулет, петмината што ќе шутираат пенали за Англија се Хари Кејн, Киран Трипие, Џордан Хендерсон, Џејми Варди и Деле Али.