Top Sport

Серхио Рамос: И со бела брада ќе одам во Катар

Шпанија вчера го заврши настапот на Светското првенство во Русија. По елиминацијата легендата на „црвената фурија“ Андрес Иниеста објави крај на репрезентативната кариера. Се очекува дека уште неколкумина од овој состав на Шпанија ќе се повлечат од националниот тим, а меѓу нив нема да биде капитенот Серхио Рамос.

Рамос, по поразот во пенал серијата од Русија, рекол дека има намера да игра и на Светското првенство во Катар за четири години.

„Тешко е ова. Толку работа, труд и посветеност. Можеби ова не е најдобриот момент, си одиме дома, а не изгубивме натпревар. Би сакал да продолжам да играм за Шпанија уште многу години. И со бела брада ќе одам во Катар, ако тоа биде потребно“, рекол Рамос.

Капитенот дебито за „црвената фурија“ го имал во 2005 година. Досега одиграл 156 натпревари за репрезентација со која успеал да освои светска и две европски титули.

Scroll to Top