Хрватската тенисерка Дона Векиќ ја совлада Слоан Стивенс во првото коло, во Вимблдон. Векиќ, против четвртата носителка одигра фуриозно и успеа да го добие мечот со 6:1, 6:3.
Векиќ, против тенисерката која пред еден месец играше во финалето на Ролан Гарос, започна со два брејка во раната фаза на мечот, што и овозможи лесно да го добие првиот сет.
Стивенс во вториот сет прва стигна до брејк, меѓутоа Векиќ успеа да се врати да поведе со 3:2, а потоа и лесно да го заврши мечот.
Хрватката во наредната рунда ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Ребека Петерсон и Викторија Кузмова.