Top Sport

Бразил рутински со Мексико, Нејмар и Фирмино погодија за четврт-финале (Видео)

Фудбалерите на Бразил не дозволија изненадување на Светското првенство во Русија и преку Мексико, со победата 2.0 (0:0), изборија пласман во четврт-финалето. Таму Бразилците го чекаат победникот од вечерашниот дуел помеѓу Белгија и Јапонија. Бразил до победата, на стадионот во Самара, дојде со головите на Нејмар и Фирмино.

Бразилците одиграа одличен меч и речиси рутински ги совладаа Мексиканците, кои од 1986 година наваму никако не успеваат да го минат осмина-финалето.

Мексико беше подобар ривал на теренот во првите 20 минути, но без конкретна закана, кога Бразил воспостави рамнотежа и да се заканува кон голот на одличниот Очоа, кој го спаси Мексико од потежок пораз.

По 25 минути се редеа шансите на Нејмар, Кутињо, Жесус, меѓутоа полувремето заврши без голови.

foto: epa

Првиот гол во Самара падна во 51.минута, кога по акцијата на Кутињо, Вилијан влезе во шеснаесетникот упати удар кон голот на на топката налета Нејмар и од непосредна близина ја смести во голот.

Потоа мексиканскиот голман Очоа ги одбрани опасните удари на Вилијан и Паулињо, а на спротивната страна опасно се закани Карлос Вела. Тој удар на Вела беше единствениот што Мексиканците го упатија во рамките на бразилскиот гол.

Лајун требаше но не доби црвен картон во 71.минута, кога непотребно згазна на ногата на Нејмар. Судијата Роки и оное од контролната соба, му го простија стартот на Мексиканецот.

foto: epa

Во финишот, во 89.минута, Фернандињо освои топка на средината од теренот, го проигра Нејмар, овој шутираше кон голот, на топката налета Фирмино и го постави конечниот резултат.

Scroll to Top