ФИФА ја објави официјалната химна на Светското првенство во Катар. Песната се вика „Hayya Hayya (Better Together)“.
Изведувачи се американскиот пејач Тринидад Кардона, афробит иконата Давидо и катарската сензација Аиша.
Премиерно песната ќе биде изведена вечерва од 18 часот, на церемонијата на која ќе бидат извлечени групите за СП:
„Оваа песна го симболизира начинот на кои музиката и фудбалот можат да го обединат светот. Потпирајќи се на влијанијата на Р&Б и реге музиката, песната ја прикажува возбудата на фудбалскиот фестивал што ќе го осветли светот подоцна оваа година“, соопшти ФИФА.