Фудбалерите на Унион Берлин, забележаа минимална победа против Келн, во првиот меч од 28.коло, во Бундеслигата. Ова е прв триумф за Унион Берлин по серијата од три порази.
Голот за победа, на почетокот на второто полувреме, го постигна поранешниот фудбалер на Ливерпул, Тајво Авонџи. Авонџи го постигна 12.гол оваа сезона.
Келн, во второто полувреме ја контролираше топката, но неговите играчи не создадоа ниту една шанса. Фудбалерите на Келн, во второто полувреме само еднаш шутнаа гон голот на Унион Берлин.
Со овие три бода, Унион Берлин го скокнаа Келн на седмото место. Клубот од германската престолнина има 41 бод, еден повеќе од Келн. Унион Берлин до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа.